Курти: Разграничувањето со Црна Гора е на голема штета на Косово

Односите меѓу Подгорица и Приштина се многу добри, но со договорот за разграничување на Косово е нанесена голема штета, изјави за „Побједа” Албин Курти, претседател на „Самоопределување” и најверојатен нов премиер на таа земја.

– Го цениме ставот на Црна Гора за независноста на Косово, како и поддршката за нашата интеграција во меѓународните институции. Не сме заборавиле ниту дека Црна Гора ги прифати албанските бегалци за време на војната во 90-те години. Искрено верувам во надградба на нашите добри билатерални односи, истакна Курти.

Но, зборувајќи за разграничувањето, Курти вели дека претходната косовска власт наместо демаркацијата на границата со Црна Гора, таа поставила нова граница, со која Косово загубило 8.200 хектари земја.

– Грешката ја направи нашата комисија, која наместо да се потпира на географските карти и граници на обете федерални единици од уставот во 1974 година, ги зеде предвид само катастарските книги, при што, товарот на докажување падна само на наша страна. Ова му нанесе огромна штета на Косово, рече Курти.

Тој, исто така, истакна дека веднаш штом ја преземе функцијата нов премиер, сака да се сретне со премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ, со властите во Подгорица и да види што може да се стори.

– Ние ќе ги разгледаме можностите и ќе се осигураме да нема губитници во овој договор. Верувам дека ќе наидам на разбирање кај другата страна. Впрочем, имаме договор меѓу претседателите Хашим Тачи и Филип Вујановиќ од 16 февруари 2018 година за корекција на демаркацијата, што може да ни помогне во тоа, заклучи Курти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот