Курти пристигна во Тирана, пречекан со сите државнички почести

Од неговиот домаќин, албанскиот премиер Еди Рама беше пречекан со сите државнички почести.

Косовскиот премиер Албин Курти денеска престојува во неколкучасовна официјала посета на Албанија, што е негова прва посета на друга земја, по изборот за премиер, на трети февруари.

Од неговиот домаќин, албанскиот премиер Еди Рама беше пречекан со сите државнички почести.

Она што медумите посебно го забележуваат е фактот што тој застанал до косовското знаме, а била интонирана и косовската химна, кои се дел од планот на Ахтисари, а кои во изминатиот перод Курти не ги прзнаваше.

По средбата со Рама планирана е заедничка пресс – конференција.

За време на престојот ќе се сретне и со шефот на албанската држава Илир Мета, собранискиот спикер Грамоз Ручи, со градоначалникот на Тирана Ерион Велиај и со лидерот на најголемата опозициска партија,Демократската,Љуљзим Баша.

Курти,како и претседателката на Парламентот Вјоса Османи, веднаш по изборот изјавија дека првите нивни посети надвор од Косово ќе бидат во Албанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот