Курти: Приштина направи чекор напред, а Белград чекор назад

Косовскиот премиер Албин Курти денес оцени дека Приштина направила чекор напред кон дијалогот, а Белград чекор назад со продолжување на кампањата во светот за повлекување на признавањата на Косово.

– Дури и кога Косово покажа добра волја со укинување на таксите од 100 отсто на производите, Србија продолжува со својата кампања за повлекување на признавањата. Ние ниту на еден начин не сме препрека за дијалогот и никогаш не сме ни биле – напиша Курти на Твитер.

Косовскиот премиер го повика претседателот Хашим Тачи утре на состанок за да ги координираат заедничките акции во сферата на заедничката политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот