Курти преку видео-врска ќе има разговор со Меркел

Косовскиот премиер Албин Курти денеска ќе има разговор преку видео-врска со германската канцеларка Ангела Меркел, јавија приштинските медиуми, повикувајќи се на информација од советникот од редовите на партијата на Меркел, Христијан-демократската унија (ЦДУ), Бесник Кељменди.

Преку објава на својата страница на Фејсбук, Кељменди информира дека акцентот на разговорот меѓу Меркел и Курти ќе биде на ситуацијата со ширењето на епидемијата на коронавирусот, но и на билатералните односи меѓу двете држави, како и на регионалните прашања.

Покрај тоа, советникот од редовите на ЦДУ вели дека дека Меркел ќе разговара со Курти и за политичката состојба во земјата, посебно во однос на иницијативата за гласање недоверба за владата на Курти, покрената од неговиот коалиционен партнер, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК).

– Канцеларката Ангела Меркел ќе има денеска видео-конференција со премиерот на Република Косово Албин Курти. Покрај на мерките за спречување на коронавирусот, разговорот ќе се усредоточи на билтералните односи, економските, регионалните и надворешно-политичките прашања, како и на оние од европската политика. Покрај овие теми, сигурно дека ќе се разговара и за политичката ситуација во Косово и за иницијативата за гласање недоверба на владата од страна на ЛДК, пишува Кељменди.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, по објавувањето на веста од Берлин, извори од Владата на Косово потврдија дека премиерот ќе разговара со германската канцеларка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот