Курти потпиша одлука за ослободување од таксата на увозот од Србија и БиХ

Со предлог-одлуката, која носи денешен датум, се предвидува таксата на увозот на сировини да се укине од 1 април и им се наложува на Министерството за финансии и Царините на Косово од тој датум да почнат да ја спроведуваат одлуката, согласно постоечката легислатива.

Претседателот на Владата на Косово Албин Курти ја потпиша денеска одлуката, која ќе биде ставена на дневен ред на првата наредна владина седница, за ослободување од таксата од 100 отсто на увозот на сировини од Србија и Босна и Херцеговина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Косовските медиуми објавија дека владината седница, на која ќе се донесе одлуката за постепено укинување на таксата до нејзино заменување со, како што се наведува во документот потпишан од Курти, „целосен реципроцитет во односите со Србија и БиХ по сите прашања”, најверојатно ќе се одржи попладнево.

Со предлог-одлуката, која носи денешен датум, се предвидува таксата на увозот на сировини да се укине од 1 април и им се наложува на Министерството за финансии и Царините на Косово од тој датум да почнат да ја спроведуваат одлуката, согласно постоечката легислатива.

Одлуката на Курти уследи два дена откако неговиот коалициски партнер, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) покрена иницијатива за гласање недоверба на Владата, меѓу другото и поради одбивањето на премиерот веднаш и целосно, а не делумно, да ја укине спорната такса, како што тоа го бараат Соединетите Американски Држави. Директен повод за најавата на ЛДК дека ќе ја расипе коалицијата со Движењето Самоопределување (ВВ) е разрешувањето од страна на Курти на министерот за внатрешни работи и јавна администрација Агим Велиу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот