Курти по трет пат го одби Тачи, му предлага средба на 6 јануари

Тачи го повика Курти на средба утре во 10.00 часот. Меѓутоа, како и претходните две покани, и оваа покана беше одбиена од страна на Курти.

Во текот на денешниот ден, претседателот на Косово, Хашим Тачи го повика лидерот на Самоопределување, Албин Курти на средба за да му го додели мандатот за формирање на новата влада во Косово.

Тачи го повика Курти на средба утре во 10.00 часот. Меѓутоа, како и претходните две покани, и оваа покана беше одбиена од страна на Курти.

– Ви благодарам за поканата. За жал, нема да можам да дојдам утре на средба во 10.00 часот. Предлагам да се сретнеме во понеделник, на 6 јануари, во термин кој ќе биде погоден за вас – се вели во соопштението на Самоопределување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот