Курти отпатува за Хрватска за да ги посети повредените во несреќата на косовскиот автобус

Албин Курти / Фото: ЕПА
 Косовскиот премиер Албин Курти отпатува попладнево за Хрватска за да ги посети повредените во тешката сообраќајна несреќа на автобусот кој пренесуваше печалбари од Германија во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Курти, како што соопшти неговиот кабинет, ќе ја посети болницата во Славонски Брод, градот во чија близина се преврте автобусот со косовски регистарски таблички, каде што се примени 44 повредени патниџи, од кои 15 потешко.
Автобусот кој сообраќаше на релацијата Франкфурт – Приштина утрово околу шест часот излета од патот и се преврте во близина на Славонски Брод, при што, според досегашниот биланс, загинаа 10 лица, од кои девет патници и еден од двајцата возачи.
Заедно со Курти за Хрватска отпатуваа и министерката за надворешни работи и дијаспора, Доника Грвала, министерот за внатрешни работи, Џељаљ Свечља и министерот за здравство, Арбен Витиа.
Косовската влада соопшти дека формирала емергентен штаб за координација на комуникацијата на институциите на Косово и Хрватска со семејствата на Косоварите кои патувале со автобусот на линијата Франкфурт – Приштина.
Во соопштението од кабинетот на Курти се вели дека косовските институции се во постојан контакт со хрватските власти, кои, како што се нагласува, „ги презеле сите потребни мерки за згрижување и лекување на сите патници кои беа повредени во трагичната несреќа”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот