Курти од Тирана: Да бидеме заедно почесто не само на прослави

Албин Курти
Албин Курти / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косовскиот премиер Албин Курти во својот говор на заедничката седница на парламентите на Албанија и на Косово, што се одржува во Тирана, чеситајќи го Денот на независнота рече дека треба да бидат заедно не само на празници. Тој додаде дека треба да се заборават непријателствата меѓу двете земји и дека треба да се „бориме заедно, не само политичарите, туку и целата нација”.

Според него на секој успех на владите на Албанија, и претходните и сегашната, се радува Косово и обратно.

-На овој ден да ги ставиме рацете на срце, да прашаме дали сме ја извршиле должноста за државата, да си ги препознаеме грешките, да ги заборавиме непријателствата што не разделуваат, да се ракуваме и да се заколнеме дека денес и назад ќе се бориме за честа на нашата нација. Треба почесто да бидеме заедно, не само ние политичарите, да работиме заедно. Додека демократијата доаѓаше во Источна Европа, голем политиколог рече дека албанските политичари, нагласувајќи ја поделеноста, им даваат причини на оние кои сакаат да ги видат поделени. Утре славиме 110 години од независноста во Валона. Во Косово се радуваме на секој успех на владата, и претходните и сегашната. Направивте големи чекори. Посакувам успесите да не престанат и да се додадат на знамето, рече Курти.

Потсети дека денеска се одбележува 25 години од формирањето на националната армија на Косово.

-Албанија направи големи чекори напред, денес е земја членка на НАТО, членка на Обединетите нации и направи значителни чекори на различни полиња. Посакуваме успесите на Албанија да не престанат. Сигурен сум дека и во Албанија се радуваат на успесите на Косово. Веќе го имаме заедничкиот буквар и работиме на заедничкиот енциклопедиски речник. Ги обединивме пазарите на трудот со Албанија и работиме на обединување на царината, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот