Курти од Драч повика заедништво и меѓусебна поддршка за помош на настраданите во земјотресот

Лидерот на Движењето Самоопределување и иден премиер на Косово, Албин Курти, кој престојува во Драч во изјава за медиумите рече дека за да „нема хуманитарна криза, на косовските и албанските институции им е потребна помош”.

Посочи дека волонтерството е значајно, но тоа треба да го помогнат институциите на двете земји.

-Слушаме за семејства од подрајето на Драч кои пристигнале во Косово, но мора да си помагаме и меѓусебно да се поддржуваме, за овој народ, а не за политиката. На волонтерството им се потребни нашите две армии, нашите две полиции за резултатите да бидат подобри. Локалните самоуправи ќе помогнат со најдобра статистика, додека народот работи на дарежливост и гостопримливост, рече Курти.

Според него, народот покажува солидарност и потребно е институциите и владите тоа да го организираат што подобро.

-Луѓето треба да продолжат да живеат и работат иако во тешки услови. За да нема елементи на никаква хуманитарна криза, институциите и во Косово и во Албанија, централни и локални, треба да им помогнат на Албанците, изјави Курти.

Оцени дека Безбедносните сили на Косово и армијата на Албанија одлично соработуваат.

Курти вчера престојваше во Гњилане и присуствуваше на погребот на двајца браќа Абази, кои беа пронајдени мртви под урнатините на хотел во Драч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот