Курти: Очекувам ЕУ да биде поактивна и појасна за спорот меѓу Косово и Србија

Албин Курти
Албин Курти / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косовскиот претседател Албин Курти во интервју за Би-Би-Си на српски јазик, изјави дека очекува од Европската унија во иднина да биде „поактивна и појасна“ кога станува збор за прашањата меѓу Приштина и Белград.

„Ако го погледнете времето што го трошам во јавноста може да се чини дека ова прашање (состојбата со Србија) се искачи на листата на приоритети, но верувам дека суштински не го промени своето место. Работата, правдата и тековните проблеми сè уште се таму се занимавам со многу теми“ вели Курти.

Овој четврток (18 август), Курти се очекува во Брисел да се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Помина повеќе од една година од последната таква средба, иако преговарачите се сретнаа во поинаков формат во мај, во Берлин.

„Рано е да се каже како ќе заврши и каков карактер ќе има средбата. Оваа средба требаше да се одржи на 19 јули, но претседателот на Србија побара да се одложи за еден месец.“ вели Курти.

Курти и Вучиќ ќе се сретнат со посредство на Мирослав Лајчак, претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалог.

Според Курти, на првиот состанок ќе се зборува за две точки: елементите на општата рамка за договорот и актуелните прашања.

Како што вели косовскиот премиер, тој „постигнал два договори со Србија и два пати ги исполнил барањата, но бара и Белград да го исполни својот дел“.

„Кога зборуваме за регистарските таблички, Србија го пропушти рокот во април и сега имаме проблем. Во однос на енергетиката, институциите на Косово за два дена ја регистрираа компанијата Електросевер, која имаше една недела да ни достави свежи податоци за корисниците – што не беше направено ниту по осум недели“ тврди Курти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот