Курти обвинет за мегаскандал од 100 милиони евра, опозицијата тврди дека со пари од Словенија незаконски плаќал кампања

Челниците на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ДСК) денеска го обвинија премиерот Албин Курти дека заедно со амбасадорот во Хрватска, Мартин Беришај, се вмешани во мегаафера со незаконско финансирање на изборна кампања со пари од Словенија, објави „Косово онлајн“.

Членот на претседателството на ДСК, Џафер Тахири, на прес-конференција рече дека последната кампања на Албин Курти е финансирана со сомнителни пари, оценувајќи дека „овој скандал станува сѐ поголем“, пренесуваат медиумите.

„Според најновите информации, станува збор за 100 милиони евра од компанијата GEN, за којашто постојат сомневања дека преку филијалата во Тирана исплатила 14 милиони евра, за финансирање на кампањата на Курти“, изјави Тахири и ова обвинување го поврза со пишувањето на словенечкиот портал „Права“ минатото лето околу сомнителните зделки на амбасадорот Беришај.

Тахири од органите на извршните власти во Приштина побара истрага за овие наводи коишто, според неговото мислење, „го нарушуваат интегритетот на Владата на Косово“.

Потпретседателската на Демократската партија на Косово (DPK) Вљора Читаку, пак, побара истрага и смена на косовскиот амбасадор во Хрватска Беришај, кого го именуваше токму Курти, тврдејќи дека новите факти ја докажуваат неговата вмешаноста во енергетскиот скандал.

Постојат сомневања дека Беришак во периодот од 2019 до април 2022 година од компанијата GЕN добил најмалку 1,5 милиони евра, избегнувајќи ги даночните обврски, а таа сума не ѝ ја пријавил на косовската агенција за борба против корупцијата, пишуваат приштинските медиуми.

Портпаролот на косовската влада, Прпарим Криезиу, ги нарече невистините тврдењата на словенечкиот портал Prava дека премиерот Курти добил милиони евра од компанијата GEN за кампањата на неговото движење Самоопределување (Vetëvendosje – VV).

Приштинските медиуми наведуваат дека првпат финансискиот скандал поврзан со амбасадорот Беришај е пријавен во април минатата 2022 година, во пресрет на парламентарните избори во Словенија.

Тогаш беше објавено дека словенечкиот премиер Роберт Голоб, во времето кога уште не беше дојден на функцијата, вршел финансиски трансакции од српската филијала на компанијата GEN кон компанијата „MB консалтинг“ на Бериша. Според тие извештаи, од неговата компанија извлечени се 600.000 евра во готовина, за коишто постои сомневање дека потоа му се вратени на Голоб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот