Курти негира дека ги одбил барањата на Тачи да предложи мандатар за нова влада на Косово

Фото: Твитер

Според него, „Уставот на Република Косово не предвидува таква надлежност на претседателот за да констатира искористување или неискористување на правото да се предложи мандатар (…) и не се определени роковите за такво нешто”.

– Вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти тврди дека, како лидер на партијата победничка на последните парламентарни избори во Косово, Движењето Самоопределување (ВВ), не го одбил барањето на претседателот на државата Хашим Тачи за да определи кандидат за мандатар за состав на новата влада, откако на неговиот кабинет пред еден месец му беше изгласана недоверба од Собранието.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, одговорот на Курти, во писмена форма, уследи пар часови откако Тачи денеска му напиша дека, со оглед оти ВВ во неколку наврати не го искористи правото да именува кандидат за нов премиер, ќе ги започне преговорите со другите парламентарни партии со цел да се формира нова влада.

– Наспроти тоа што во ниту еден случај не сум го одбил ниту барањето ниту предлагањето мандатар, денеска примив писмо од вас, во кое констатирате, вон вашите уставни надлежности како претседател на Косово, дека јас не сум го искористил правото да предложам нов кандидат за формирање на владата, пишува Курти.

Според него, „Уставот на Република Косово не предвидува таква надлежност на претседателот за да констатира искористување или неискористување на правото да се предложи мандатар (…) и не се определени роковите за такво нешто”.

– Затоа, поаѓајќи од улогата и финкцијата како претседател, вие немате право ниту уставно овластување да констатирате дека сме одбиле да предложиме кандидат за премиер кога тоа не сме го сториле, одговори Курти на најавата на Тачи дека ќе ги започне консултациите за формирање нова влада со другите парламентарни партии.