Курти не замина на состанок со Тачи

Фото: МИА

Косовскиот премиер Албин Курти не замина на состанок со претседателот на државата Хашим Тачи, кој денеска ги повика на одделни средби лидерите на парламентарните партии на Албанците во Косово, со цел координација за прашањата од национален интерес, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти изјави дека како лидер на партијата Движење Самоопределување (ВВ) нема интерес да се сретне со Тачи, а како премиер има обврска и ќе се сретне со него „еден друг ден, кога ќе заврши со партиите”.

Во изјава за „Коха.нет“ Курти вели дека, наместо да организира „средби за да создава раздор”, Тачи денеска требаше да присуствува на собраниската седница по повод 8 Март, на која се обрати Васфије Красниќи–Гудман, првата жена – жртва на сексуално насилство за време на војната во Косово во 1999 година.

– Има две причини зошто денеска нема да одам на предвидената средба со претседателот на Косово: Првата е дека денеска е денот кога треба да се слушне госпоѓа Васфије Красниќи-Гудман. Требаше да дојде претседателот да ја слушне во Собрание. Не да организира одделни средби за да создава раздор. Како второ, претседателот за денеска свикал средби со партиските лидери. Како претседател на ВВ немам ниту интерес ниту готовност да се сретнам со актуелниот претседател (на државата). Како премиер имам обврска. Ќе се сретнеме еден друг ден, кога ќе заврши со партиите, порача Курти.

Лидерите на другите партии – Иса Мустафа на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Кадри Весели на Демократската партија на Косово (ПДК), Рамуш Харадинај на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Фатмир Лимај на Социјалдемократската иницијатива (Нисма) и Беџет Пацоли на Алијансата ново Косово (АКР) – одговорија позитивно на поканата на претседателот. Мустафа, Весели и Харадинај веќе одржаа одделни средби со Тачи, додека Лимај и Пацоли ќе го сторат тоа попладнево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот