Курти не се откажува од „Голема Албанија“: ЕУ не може да го замени националното обединување

Лидерот за Движењето „Самоопределување”, кој најверојатно ќе биде иден премиер на Косово, Албин Курти, синоќа изјави дека националното обединување на Албанците не може да се случи во Европската унија, но дека може да постои идеја за федерација.

– Не можам да кажам дека националното обединување се случува во ЕУ. Тоа е местото каде што им се придружуваме на Данците, Австријците и Шпанците. Нашиот сојуз мора да се случи тука изјави Курти,
Лидерот на ,,Самоопределување” како што пренесува Коха нет, истакнал дека националното обединување е историски интерес на АЛбанците

– Ние не бираме албанска унија туку таа не бира нас – изјави Курти , цитирајки ја изјавата на Арбен Џафери поранешен лидер на албанската партија ДПА.

Курти посочува дека доколку биде премиер, ќе ги почитува симболите на Косово, додека на средби со Албанија „нема да гледа на чија страна чие знаме е, националното или државното”

Тој најавува дека во четврток ќе се сретне со челниците на Демократскиот сојуз, Иса Мустафа и Вјоса Османи, партија која е на второ место според освоените гласови на неделните превремени парламентарни избори. Курти смета дека Владата треба да има само 12 министри а во однос на царнската такса со Србија изјави дека откако ќе се воведе реципроцитет ќе биде укината 100 процентната такса воведена од претходната влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот