Курти не прифаќа примопредавање: Новата косовска Влада е бескорисна

Лидерот за Самоопределување и поранешен вршител на должноста премиер на Косово Албин Курти изјави дека новата Влада, предводена од функционерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Авдулах Хоти е бескорисна и рече дека тој ќе ја продолжи борбата и набргу ќе се врати во извршната власт.

Курти, исто така, рече дека нема да прифати примопредавањето со некој што го разрешил додека бил премиер.

Тој повтори дека е неприфатлива неодамнешната одлука на Уставниот суд за указот на косовскиот претседател Хашим Тачи да го назначи Хоти за мандатор, јави приштинска „Коха”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот