Курти најави дека ќе ја тужи Србија за геноцид: Дијалогот треба да резултира со меѓусебно признавање

Косовскиот премиер Албин Курти најави денеска дека неговата Влада ќе поднесе тужба против Србија за геноцид во војната во Косово во 1998-99 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Ќе изготвиме тужба за геноцид против Србија пред Меѓународниот суд за правда, изјави Курти на денешната седница на Владата, на која беше усвоена четиригодишната програма за работа на неговиот кабинет.

Тој рече дека со Србија во иднина ќе се води „принципиелен дијалог”, кој треба да резултира со меѓусебно признавање.

– Ќе водиме со Србија принципиелен дијалог, кој ќе биде подготвен, со договор за меѓусебно признавање, порача Курти, нагласувајќи дека меѓу приоритетите во надворешната политика ќе биде зближувањето и тесната соработка со Албанија.

Образложувајќи ја програмата за работа на Владата во наредните четири години, косовскиот премиер рече дека нејзина главна цел ќе биде справувањето со пандемијата на Ковид-19 и „ублажувањето на последиците предизвикани од претходната влада”.

– Со мерките кои ќе ги преземеме ќе ги поддржиме работниците кои ги изгубија работните места, лицата кои се вработуваат за првпат и бизнисите. Ќе обезбедиме додатоци за децата и гарантирано сезонско вработување за еден член на семејството, рече Курти. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот