Курти: Надворешната политика е таа која треба да не зближи

Ова е втора покана од Курти до Тачи, откако на 13 февруари побара средба пред Минхенската конференција за безбедност и потпишувањето на писмото за намери за обновување на железничкиот и патниот сообраќај меѓу Косово и Србија.

Косовскиот премиер Албин Курти со писмо  му се обрати на претседателот на државата Хашим Тачи, во кое го повикува да се сретнат во текот на денешниот ден за да го координираат дејствувањето во надворешната политика на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Ова е втора покана од Курти до Тачи, откако на 13 февруари побара средба пред Минхенската конференција за безбедност и потпишувањето на писмото за намери за обновување на железничкиот и патниот сообраќај меѓу Косово и Србија.

Во писмото на Курти, кое неговиот кабинет синоќа го достави до медиумите, се наведува дека „презентирањето на републиката треба да биде едногласно„ и „разликите треба да останат внатре во земјата, без да влијаат при нејзиното претставување”.

– Ви пишувам повторно, за да се сретнеме и да разговараме за нашето усогласување во надворешната политика. Како што ви напишав и во моето последно писмо, од 13 февруари 2020 година. Надворешната политика е таа која треба да не зближи, се вели во писмото на премиерот до претседателот на Косово.

Како и во претходната покана, Курти и за денеска му предлага на Тачи да одбере термин во кој ќе му одговара да се сретнат, во 9.00, 13.00, или 18.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот