Курти: На патот за договор со Демократскиот сојуз на Косово има еден камен

Кандидатот за нов премиер на Косово, Албин Курти во изјава за медиумите по завршување на церемонијата за божиќните празници во Приштина, рече дека договорот со Демократскиот сојуз на Косово е при крај, но дека сепак постои една пречка.

– При крајот сме на овој пат, имаме камен на патот, не е ниту карпа, ниту камче, но со добрите желби на Дон Луш Ѓерѓи, и со нашата заедничка работа, верувам дека ќе постигнеме резултат. Кога ќе имаме конкретни резултати, веднаш ќе ги објавиме. Да оставиме процесот да тече, истакна Курти.

Тој додаде дека повеќе од сите има желба да се постигне договорот.

– Да заврши на најдобриот начин, контактите, комуникацијата и средбите не престануваат. И денеска сме контактирале, и вчера и утре ќе има контакти. Средбите не се вест, туку резултатите кои ги чекаме со поголема желба и од вас, истакна Курти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот