Курти: На 15 март ќе бидат укинати таксите за Србија

Фото: МИА

Премиерот на Косово, Албин Курти, најави дека на 15 март ќе бидат укинати таксите за српските и босанските производи. Премиерот Курти ги објасни и чекорите кои би требало да доведат до целосно укинување на таксите.
Курти вели дека како влада се одлучиле на ваков чекор по анализата направена од министерството за економија.

– После читањето на анализата за осуството на реципроцитет со Србија, направена од министерството за економија, дојдов до заклучок во врска со таксите од 100 отсто. Владата на Косово во текот на следната недела ќе донесе одлука од 15 март 2020 година да бидат укинати таксите за суровините кои се увезуваат од Србија и Босна и Херцеговина – изјави Курти.

Курти додаде дека овој чекор е знак на добра волја и за нов почеток за решавање на економските и политичките несогласувања со Србија.

– Ја покануваме Србија како одговор на оваа одлука на косовската страна, да вети дека ќе прекине со кампањата за непризнавање на суверенитетот на Косово, и да започне со елиминирање на нетарифните трговски бариери за Косово – изјави Курти.

Тој додаде дека доколку Србија покаже постветеност и престане со кампањата за непризнавање, и вети дека ќе ги укине нетарифните бариери за Косово, почнувајќи од 1 април 2020 година, Владата на Косово целосно ќе ја укине тарифата за срските и босанските продукти. Тоа ќе важи за 90 дена.

– Во случај Србија да не рефлектира во периодот од 90 дена од почетната одлука за укинување на тарифите за суровини, тогаш владата на Косово, на 15 јуни ќе ја врати тарифата за српските продукти додека ќе продолжи реципроцитетот – најави Курти.

Курти рече дека после оваа одлука очекува од Европската Унија на Самитот во Загреб на 7 мај да донесе одлука за либерализирање на визите за Косово.

Курти беше прашан и за фактот дека во Минхен не оствари средба со амбасадорот Ричард Гренел, на што Курти одговори дека не било предвидена средба со него.

Курти вели дека САД се незаменлив партнер за Косово.

– Не верувам дека може да имаме друга голема сила на местото на САД. САД, НАТО, ЕУ, Германија и Франција, па и Велика Британија и другите земји се пријатели и партнери на Република Косово. Јас ги негувам и култивирам односите со нив – додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот