Курти му одговори на Гренел: Го погледнав во очи, но не ветив дека ќе ги отстранам таксите без реципроцитет

Фото: Твитер

Премиерот на Косово, Албин Курти, реагираше на изјавата на специјалниот преставник на претседателот на САД, за разговорите помеѓу Србија и Косово Ричард Гренел, дека Курти го погледнал во очи и му ветил дека ќе ја отстрани таксата.

Курти изјави дека со Гренел се сретнал двапати и дека не му кажал дека ќе ги отстрани таксите без да се воведе реципроцитет.

– Првата средба беше на 9 октомври 2019 во 13:45 во Амбасадата на САД во Приштина. Нашата втора средба беше на 23 јануари во 10:30 во седиштето на Движењето Самоопределување. На првата средба со мене беше Глаук Конјуфца. На втората средба со мене беа Глаук Конјуфца и Фиторе Пацоли-Далипи. На двете средби го погледнав во очи. Но, никогаш не реков дека ќе ги отстраниме таксите без реципроцитет – напиша Курти на Фејсбук.

Курти додаде дека за поздравување и обрабрувачка е изјавата на амбасадорот Гренел дека е против плановите за размена на територии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот