Курти: Косово следната година ќе поднесе барање за членство во ЕУ

albin kurti
Албин Курти / Фото: Влада на Република Северна Македонија

Косовскиот премиер Албин Курти најави дека Косово следната година ќе поднесе барање за членство во Европската унија.

„Оваа година, согласно внатрешните реформи во реализацијата на перспективата за членство во ЕУ, најавуваме дека следната година Косово ќе поднесе барање за членство во Унијата“, рече Курти, а пренесува „Кљан Косова“.

Што се однесува до Министерството за надворешни работи, Курти рече дека почнале со департизација и реформи, со што се отвора пат за дипломати од кариера, кои, според него, достоинствено го претставуваат Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот