Курти: Косово моментално не е во можност да и се придружи на Албанија

Кандидатот за премиер на Косово од Движењето Самоопределување, Албин Курти, изјави дека „Косово има право да се придружи кон Албанија, но дека тоа денеска не е можно”.

– Унијата меѓу двете земји е сложено прашање. Тоа не зависи само од нас, туку и од Албанците, рече Курти, пренесе Газета Експрес.

Зборувајќи за химната на Косово, Курти кажа дека треба да се смени и додаде дека „ни химната, ни знамето, не и припаѓаат на Албанија, туку на албанската нација”.

– Играчите не се виновни за химната и знамето, затоа што не можат да ја пеат химната. Подобро ќе биде химната да ја наречеме „Косово”, а не „Европа”, рече Курти, пренесе Косово.онлајн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот