Курти: Името „Отворен Балкан” е лажно и грешно

Албин Курти
Албин Курти / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека неговиот став за иницијативата „Отворен Балкан” на премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама и на претседателот на Србија, Алексадар Вучиќ, е непроменет дека таа иницијатива е штетна за Косово.

Во денешното обраќање пред медиумите, Курти рече дека „и самото име на таа иницијатива е погрешно и лажно”.

На прес-конференцијата, на која го претстави новиот министер за здравство на Косово, Рифат Љатифи, Курти се осврна на резултатите на партијата која тој ја води, владејачкото Движење самоопределување (ВВ) на штотуку завршените локални избори, за кои ја повтори оценката дека се „незадоволителни”, пренесува КоССев.

Според него, слабиот резултат што го постигна ВВ на иборите, на кои победи во само четири од 38-те општини во земјата, е последица на „внатрешни структурни и организациски дефекти”.

„Она што е веќе јасно е дека во нашиот политички субјект, кој порасна енормно во последните 3-4 години, има внатрешни структурни и организациски дефекти. Немаме структури кои одговараат на големината. Има внатрешни дефекти“, изјави Курти.

„Сите се обединија против ВВ“

Според него, на резултатот на изборите влијаело и тоа што сите други партии се обединиле против ВВ.

„Постоеше едно обединување на сите субјекти против ВВ. Постоеше паника кај опозицијата, поради што се обединија против ВВ“, рече Курти.

Првиот круг локалните избори 2021 во Косово се одржана 17 октомври, а вчера се прегласуваше за градоначалници во 21 од вкупно 38 општини, колку што има во државата.

Тежок пораз на Самоопределување на изборите во Косово, партијата на Курти ја загуби и Приштина

Видео на денот