Курти и Османи разговарале за предизвиците на новата влада

Топ Чанел

Лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти, кој се очекува да го добие мандатот за формирање на идната влада на Косово, се сретна попладнево со потпретседателката на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Вјоса Османи, на консултации за формирање на новата влада, откако нивните партии освоија најмногу гласови на вонредните парламентарни избори што се одржаа на 6 октомври, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку објава на својата страница на Фејсбук, Курти информира дека со носителката на листата на ЛДК на изборите од 6 октомври разговарал за подготовките за преземање на власта и изрази уверување дека „Косово ќе излезе од кризата и ќе напредува”.

„Заедно со Вјоса денеска разговаравме за подготовките за новата влада и за предизвиците кои ни претстојат. Косово ќе излезе од кризата и ќе напредува. Нашата соработка е наша определба. Добрите намери и добрата работа се наша одговорност кон граѓаните на Републиката и институциите на државата“, напиша Курти.

Двете досега опозициски партии победија на вонредните парламентарни избори во Косово, при што ВВ освои околу 25,5 отсто од гласовите, додека ЛДК околу еден отсто помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот