Курти го отфрли формирањето на ЗСО: Тоа не е можно

Албин Курти/Фото: Armend NIMANI / AFP / Profimedia

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека формирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО) во Косово не е можно бидејќи тоа е спротивно на Уставот и дека Србија е таа која треба да плати отштета за војната во 1999 година.

Курти, како што пренесуваат приштинските медиуми, рекол дека Косово е мултиетничко „иако од прогласувањето на независноста, 93 отсто од населението го сочинуваат Албанци“.

– Формирањето на Заедницата на српските општини на Косово не е можно бидејќи е спротивно на Уставот. Кога прогласивме независност, рековме дека иако Косово има 93 отсто Албанци, не може да се нарече албанско, туку мултиетничко. Сега не може да се формира еднонационален сојуз бидејќи веќе ја имаме Заедницата на косовските општини. Јас сум граѓанин на Косово, кој и како политички активист и како член на опозицијата, па и денес како премиер, си обврзав и ги афирмирав сите права на малцинствата, без разлика, рече Курти.

Тој додаде дека „Косово не може да плати компензација на Србија за изгубената војна во 1999 година, туку дека Белград мора да ја надомести штетата што му ја нанесе на Косово во однос на луѓето и материјалните добра“.

„Данас“: Вучиќ утре ќе ги извести пратениците дека го прифатил предлогот за Косово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот