Курти: Германија е пример дека националното обединување не носи дестабилизација, туку мир

Фото: Твитер

Лидерот на партијата Движење самоопределување (ВВ) и поранешен премиер на Косово, Албин Курти, по повод 30-годишнината од обединувањето на Германија, вели дека „многу западни и соседни држави тогаш беа загрижени”, но оти денес таа држава е „локомотивата на Европската унија”, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку својата официјална страница на Фејсбук, Курти порача дека „Германија е пример и модел за развој преку работа и знаење, преку чесноста и државата”, додека за Албанците таа е и „модел кој го поткрепува аргументот дека националното обединување не носи дестабилизација, туку баланс, развој, демократија и мир”.

Лидерот на косовската опозиција им го честита јубилејот на челниците на германските институции, на канцеларката Ангела Меркел, на германскиот амбасадор во Косово и на сестринската Социјалдемократска партија на Германија.

– Триесет години Обединета Германија. Пријатели на Косово, бидејќи се пријатели на универзалната правда и на законистоста во меѓународните односи. Пријатели на Албанците, бидејќи двата народа осетиле што значи да бидеш под диктаторски режими, кои наметнуваат поделба. (…) Многу западни и соседни земји беа вознемирени тогаш и се противеа на обединувањето на двете Германии. Но, денес сите се задоволни од Германија, локомотивата на ЕУ, гарантот на човековите права и демократијата, промоторот на добрите односи меѓу државите, напиша Курти. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот