Курти: Ако побара НАТО, ќе испратиме војници во Украина

Премиерот на Косово Албин Курти зборуваше за можноста за испраќање на косовските безбедносни сили во Украина во случај на конфликт меѓу руската и украинската страна, нагласувајќи дека „што и да побара НАТО како потребно, Косово ќе биде подготвено да дејствува“, пренесува „Косова прес“.
Како што изјави, тој „пред сѐ сака да нема нови конфликти“.
„Внимателно следам што се случува на границата меѓу Украина и Руската Федерација до доцните часови. Постои аларм на НАТО, особено на САД, но и ЕУ е вклучена во ова. Што и да смета НАТО дека е неопходно, ние секако сме подготвени“, рече Курти.
Видео на денот