Курти: Договорот мора да се имплементира во целост, не постои можност дел да се спроведе, а дел не

Албин Курти / Фото: ЕПА

Премиерот на Косово, Албин Курти денеска изјави дека договорот постигнат во Брисел и „патната карта“ за негова имплементација договорена во Охрид се јавни документи и дека е потребна нивна „точна и брза имплементација“.

„На 4 април во Брисел ќе се разговара за прашањето за имплементација на веќе договорениот договор. Договор има, договорот постои, јасно е јавен за сите и ни треба негово правилно и брзо спроведување. Затоа ќе биде организиран состанок со главните преговарачи, на кој ќе учествува косовскиот вицепремиер Бесник Бислими“, истакна Курти по состанокот организиран од Советот на Европа во Приштина.

Тој наведе дека договорот мора да се имплементира во целост и оти не постои можност дел да се спроведе, а дел, не.

Не треба да го уриваме договорот земајќи ги деловите кои сакаме. Зборот „итно“ е употребен во реченицата што се однесува на исчезнатите односно насилно исчезнатите, посочи Курти.

Директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово, Петар Петковиќ, денеска изјави дека во продолжението на дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе се разговара за конкретни чекори за имплементација на договорот од Охрид.

„Нашите црвени линии се дека Белград никогаш нема да се согласи таканареченото Косово да стане членка на ОН и дека Белград ниту де факто ниту де јуре нема да го признае таканареченото Косово. Можеме да разговараме и да видиме за се друго што беше договорено во Анексот, како ќе го спроведеме“, рече Петковиќ.

Петковиќ: Во Брисел ќе разговараме за спроведување на договорот од Охрид, со јасни „црвени линии“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот