Курти договори коалиција – се чека сертифицирање на резултатите

Претседателот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) после средбата со лидерот на Самоопределување, Албин Курти, истакна дека двете партии ќе седнат повторно на маса по сертифицирање на резултатите.

Тој исто така кажа дека двете партии имаат приближување за многу работи.

– Го оценивме процесот на хармонизација на програмата на владата меѓу двете наши партии, и дојдовме до заклучок дека е направено многу. Усогласени многу работи, од областа на политиките за развивање на земјата, образованието, здраството, правната држава и формирање на план и програма на идната влада од аспект на министерствата – изјави Иса Мустафа.

Од друга страна Албин Курти, изјави дека двете страни ќе се сретнат веднаш кога ќе бидат сертифицирани резултатите.

– Ние ќе се сретнеме во рок од 72 часа за да го финишираме финалниот договор за идната владеачка коалиција – истакна Курти.

Тој додаде дека договорт за коалиција веќе има 26 страни текст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот