Курти до опозицијата: Не знаете да критикувате, можам да ви помогнам со идеи

Албин Курти/ Фото EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косовскиот премиер Албин Курти ѝ забележа на опозицијата во републичкото Собрание дека е неспособна за критики кон власта и се понуди да ѝ „помогне” да го реши тој проблем, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната собраниска седница, Курти рече дека токму недостатокот на идеи за критики од страна на опозицијата ќе биде најголемиот проблем на неговата Влада во наредните години.

– Јас тука гледам еден вид неспособност за критикување и најголемата опасност за нашата Влада е недостатокот на критика. Немаме друга опасност. Имаме голем проблем со вас затоа што не знаете да критикувате. Вие имате потреба од измислици и клевети за да критикувате, а тоа што се заснова на измислица и клевета веќе не е критика. Подготвен сум да ви дадам идеи. Ви ја нудам мојата соработка за да дојдете до идеи и да ме критикувате мене. Навистина во наредните месеци и години најголема опасност за мојата Влада ќе биде отсуството на критика, изјави Курти.

На изјавата на косовскиот премиер реплицираше шефот на пратеничката група на опозициската Демократска партија на Косово, Абелард Тахири, кој му порача на Курти дека „проблем на косовските граѓани не е неспособноста на опозицијата, туку неспособноста на владата да ја води земјата”.

– Поради вашата неспособност да претставите една програма и една јасна визија за развојот на земјава во наредните четири години вие се нафрливте со критики врз опозицијата. Меѓутоа, ве разбираме. Проблем на косовските граѓани не е неспособноста на опозицијата, туку неспособноста на Владата да ја води земјата во наредните четири години, изјави Тахири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот