Курти: Деноноќно работиме за да постигнеме договор за формирање на Влада

Претседателот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, по регистрацијата како пратеник во Собранието на Косово, пред медиумите истакна дека неговата партија непрекинато работи во обидите да постигне договор за коалиција со Демократската Лига на Косово.

– Деноноќно се обидуваме да постигнеме договор за коалиција. Овие контакти и средби продолжуваат. Средбите повеќе не се вест, вест ќе биде доколу постигнеме договор. Договорени сме да комуницираме повеќе пати во денот, за што поскоро да успееме во нашите намери. Сѐ поблиску сме до посакуваните резултати, но кога ќе имаме конкретен договор, ќе ја информираме јавноста – рече Курти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот