Курти: Денес нема да се сретнам со Мустафа, сѐ уште немаме договор за формирање влада

Фото: Принтскрин

Претседателот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, денеска изјави дека нема да се сретне со претседателот на Демократската лига на Косово, Иса Мустафа.

– Се подговтуваме да владееме добро. Што се однесува до разговорите со ДЛК, не може да има нови вести без да имаме конкретни резултати. Ова сум ви го кажал и порано и го повторувам сега. Денеска нема да има средба, но ќе продолжиме да комуницираме и да се среќаваме сѐ додека не го постигнеме посакуваниот договор. Кога ќе имаме конкретни резултати, ќе кажеме. Претседателот на Косово даде време до 26 декември, кога е крајниот рок да се формира собранието – истакна Курти.

Инаку, во текот на вчерашниот ден се одржа нова средба помеѓу двјацата лидери, Курти и Мустафа, но и таа средба заврши без договор за формирање на владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот