Курти бара декретот за Влада на Тачи да се прогласи за неуставен

Албин Курти/ Фото EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косовскиот премиер во заминување Албин Курти побара од Уставниот суд да го прогласи за неуставен декретот на претседателот Хашим Тачи за мандатар за состав на нова влада.

Курти до уставниот суд поднел мислење, во кое, меѓу другото, е побарано декретот на Тачи да се прогласи за неважечки и за спротивен на уставните одредени, јави синоќа РТК.

Вчера, во текот на денот, мислење до Уставниот суд поднесоа и пратеничката група Движење Самоопределување, претседателката на Парламентот Вјоса Османи и пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово.

Уставниот суд донесе одлука привремено, до 29 мај, да го суспендира декретот на Тачи со кој му го доверува мандатот за состав на влада на Авдулах Хоти од Демократскиот сојуз на Косово, второпласираната партија на последните избори одржани на 6. октромври минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот