Курти: Ако нема договор со Демократската Лига на Косово одиме на нови избори

Претседателот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, изјави дека ако нема договор со Демократската Лига на Косово за формирање влада, тогаш ќе се оди на нови избори.

Во интервју за државната телевизија (RTK), тој истакнa дека на Самоопределување му одговараат нови избори, затоа што поддршката после победата на изборите на шести октомври е зголемена. Но, според него, тоа не е целта на Движењето Самоопределување.

-Се водам од општиот интерес, од државниот интерес, кој што вели дека што побрзо треба да се формира влада помеѓу Движењето Самоопределување и Демократската Лига на Косово-изјави Курти.

Тој рече дека на средбите со Иса Мустафа не се разговарало за конкретни имиња за позицијата- Претседател.

Курти, вели дека има многу имиња кои би можеле да бидат кандидати за претседател. Според него, најважно е да се избере премиер, спикер и 12-те министри и после тоа да се разговара за тоа кој ќе биде новиот претседател на Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот