Курти ѝ порача на Србија: Косово е независна земја, третирајте го така

Косовскиот премиер Албин Курти, во говор на вонредната седница на Парламентот, осврнувајќи се на барањата на Србија да дозволи гласање за претстојниот референдум во Косово, рече дека уставот на земјата вели дека сите граѓани се еднакви пред законот.

Тој им порача на Србите од Косово дека на референдумот може да гласаат преку пошта или преку Канцеларијата за врски.

„Никој не го крши правото на глас. Едноставно, поради фактот што должноста на амбасада на Србија на Косово ја обавува Канцеларијата за врски во Притшина, референдумот може да се спроведе во оваа канцеларија, во склад со нашиот Устав“, рече Курти.

Тој наведе дека косовските Срби минатите години не гласале како избирачи во странство, туку во самата земја. Ова, според него, е погрешна пракса, која не оправдува да се повторува таа грешка.

„Косово е независна и суверена држава и како таква треба да се третира. Парламентот, потпирајќи се врз Уставот, не го признава правото на една држава еднострано да организира референдум на суверената територија на друга држава“, рече Курти во говорот во парламентот.

Видео на денот