КУРДИТЕ ПРОТИВ СИТЕ: Сириски државник ги нападна курдските сили дека ја издале својата земја

Фото: Профимедиа

Сирискиот заменик министер за надворешни работи Фејсал Макдад ги нападна денеска курдските сили, истакнувајќи дека ја издале својата земја и ги обвини дека нивниот сепаратистички план и послужил на Турција како оправдување да се повреди суверенитетот на Сирија.

На прашањето дали Дамаск треба да го продолжи дијалогот со силите предводени од Курдите, кои Турција ги нападна за да ги протера од североисточниот дел на Сирија, Макдад изјави дека тие вооружени групи ја предале својата земја и извршиле злосторство против неа.

– Нема да прифатиме каков било дијалог или разговор со оние кои станаа заложници на странските сили. Нема да има упоришта за агенти на Вашингтон на сириска територија – објасни Макдад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот