Курдите бесни поради повлекувањето на американските сили од Сирија: Ни забија нож во грб (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Војниците на САД почнаа да се повлекуваат од север во Сирија отворајќи го патот за турска операција против кудските борци, а Курдите тој изненаден потег го осудија истакнувајќи дека Американците „им забиле нож во грб“.

Курдските сили беа главен американски партнер во Сирија каде помогнале да се порази Исламската држава, меѓутоа Турција ги смета за терористи.

Портпаролот на Сириските демократски сили (СДФ), предводени од Курдите, изјавил „дека САД гарантирале дека нема да дозволат никаква акција од страна на Турција во таа област“.
Инаку, СДФ ја зазема поранешната територија на североисток во Сирија.

– Американската одлука не изненади и можеме да кажеме дека тие им забија нож во грб на СДФ – изјави Кино Габријел.

Повлекувањето претставува голем пресврт во американската надворешна политика и тоа е спротивно од советите на министерството за одбрана и за надворешни работи.

Белата куќа најави дека Турција „наскоро ќе тргне во својата долгопланирана операција во северна Сирија“.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган неколкупати рече дека целта на Анкара е да се поразат курдските или за да се создаде „безбедна зона“ за сириските бегалци кои се моментално во Турција.
Курдската телевизија на север во Ирак објави дека СДФ ја зголемил борбената подготвеност во некои од своите единици откако турската војска во понеделникот мобилизираше војници на границата.

Трамп во меѓувреме се закани со уништување на турската економија во слуај Анкара да отиде предаелку во Сирија.

– Ќе го повторам она што веќе јасно го кажав – Ако Турција направи нешто што јас во својата голема и недостижна мудрост проценат дека ја надминува мерката, целосно ќе ја уништам екномијата на Турција“, напиша американскиот претседател на Твитер.

Тој во серијата на твитови го бранеше повлекувањето на американските трупи, истакнувајќи дека дошло време „да излеземе од тие смешни бескрајни војни“.

Нешто подоцна, висок американски функционер рече дека САД повлекуваат само „мал број на војници распоредени во Сирија на турската граница, само на мала оддалеченост“.

Мерката на администрацијата на Трамп, која ја отвора вратата за тоа турција да изврши напад на курдските борци, всушност е спротивна на ставовите дури и на некои од најблиските партнери на Трамп кои се во неговата партија.

Линдзи Грејем, републикански сенатор и поддржувач на Трамп, во едно интервју рекол дека „Никогаш не беше во интерес на националната безбедност да се напуштат сојузниците кои ни помагаа во борбата против ИСИЛ, Таа импулсивна одлука ги поништува сите наши успеси и ја фрла религијата во понатамошен хаос – истакнал тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот