Курдите бараат хуманитарен коридор за евакуација на цивилите

Курдските власти во североисточна Сирија денеска побараа да се воспостави хуманитарен коридор за евакуација на цивилите и повредените од градот Рас ал Аин, кој е опкружен од турските сили и се обидуваат да го преземат од курдските сили.

Барањето е упатено до меѓународната коалиција предводена од Вашингтон, партнер на курдските сили во борбата против Исламска држава, но и до Русија, која е сојузник на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Во турската офанзива, што почна на 9 октомври, загинаа најмалку 72 цивили и 203 борци на Сириските демократски сили.

Турција објави дека во Сирија загинале шест турски војници, а 20 цивили се убиени во пограничните градови во престрелки со курдските борци.

Курдските власти во Сирија ја обвинија Турција за употреба на неконвенционално оружје во северниот дел од земјата, а Анкара демантира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот