Курц: За омразата и антисемитизмот нема место во австриското општество

Себастијан Курц / Фото: EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Ние мора да извлечеме правилни поуки од злосторството за сегашноста и иднината и да се соочиме искрено и безусловно со минатото – истакна Курц.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска, по повод Денот на сеќавање на холокаустот, порача дека антисемитизмот, расизмот и омразата не смеат никогаш да имаат место во австриското општество.

Курц во соопштение нагласува дека поважно и кога било е да се сеќаваме на жртвите од холокаустот.

Тој истакна дека е неопходно да се води борба против сите облици на антисемитизмот, како и антиционизмот.

– Ние мора да извлечеме правилни поуки од злосторството за сегашноста и иднината и да се соочиме искрено и безусловно со минатото – истакна Курц.

Според него, Австријците имаат обврска одлучно да се спротивстават на антисемитските тенденции дома и во странство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот