Курц за политиката кон мигрантите: Отворањето на границите пред пет години беше грешка

Фото: EPA-EFE/ARIS OIKONOMOU/POOL

Австрискиот канцелар Себастијан Курц,  во интервју за германската новинска агенција ДПА, ја оквалификува како грешка одлуката на Ангела Меркел да ги отвори границите за бегалците пред пет години.

– Уште на самиот почеток бев против политиката на отворени граници. Политиката на отворени граници не само што придонесе за големиот број луѓе да се упатат кон Европа, туку и доведе до огромно преоптоварување во многу делови на централна Европа, рече австрискиот канцелар Себастијан Курц. кој служеше како министер за интеграција во времето на бегалската криза.

Тој рече дека поради политиката на отворени граници, криумчарите на луѓе „заработиле огромни суми” и дека во исто време „безброј” луѓе ги загубиле своите животи обидувајќи се да го преминат Медитеранот.

Австрискиот канцелар потсети дека поради неговиот тогашен став бил нападнат и истуркан во „крајниот десен агол”, но дека тој, како тогашен министер за интеграција, бил свесен дека интеграцијата зависи од бројот на новодојденците.

– Среќен сум што пет години по бегалската криза, Европа има сосема поинаква политика, рече Курц за ДПА.

Тој го отфрла предлогот на Германија за реформа на системот за азил во рамките на ЕУ, кој предвидува прифатни центри на надворешните граници на Унијата од каде што бегалците би биле преместени во земјите-членки.

– Мислам дека распределбата низ Европа нема да функционира затоа што повеќето членки на тоа гледаат со скепса, рече Курц.

Тој додаде дека треба да се земе предвид дека сè повеќе луѓе доаѓаат преку централната медитеранска рута од економски причини, пред сè од Тунис.

– Тоа не се вистински бегалци, туку мигранти од економски причини, заклучи Курц и додаде дека не смее да се дозволи турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да ги користи бегалците за да ја уценува Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот