Курц: Со недели и месеци ќе живееме со ограничувања

Во денешното интервју за дневниот весник „Клајне цајтунг“, сојузниот канцелар на Австрија Себастијан Курц ги урна надежите за брзо олабавување на ограничувањата по истекот на затворањето на земјата.

– По 7 декември, ќе мора да живееме со силни ограничувања. Во никој случај нема да се преземат избрзани чекори за олабавување на мерките. На сите мора да им биде јасно дека ќе живееме со одредени ограничувања со недели и месеци, откри канцеларот.

Според Курц, целта е внимателно укинување на мерките на 7 декември, а училиштата и трговските објекти повторно да работат. „Сепак, ова зависи од бројот на заразени. Колку е повисок, толку потешко ќе биде да се преземат чекори за отворање“, додава Курц.

Во интервјуто, тој истакна дека треба да се стори се за да се спречи трето затворање. Голема шанса за постигнување на оваа цел Курц гледа во масовните тестирања за антитела закажани за декември, кои можат да ги лоцираат заразените и да спречат нови инфекции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот