Курц со критики за ЕМА: Побрзо одобрувајте ги вакцините

Себастијан Курц
Себастијан Курц / Фото: EPA-EFE/YVES HERMAN / POOL

Австрискиот канцелар Себастијан Курц остро ја критикуваше Европската агенција за лекови (ЕМА), барајќи побрзо издавање на одобренија за вакцини против коронавирус.

– Не може вакцината да се одобрува побрзо во други земји отколку ЕМА, рече Курц.

Како причина за критика го зеде одобрението за вакцината на компанијата „Џонсон и Џонсон” во САД.

– ЕМА сега е повикана да ја одобри вакцината Џонсон и Џонсон што е можно побрзо и небирократски, во согласност со сите научни стандарди, рече Курц во изјавата.

Тој процени дека вакцината може да донесе пресврт во борбата против пандемијата, бидејќи е потребна само една доза за целосна имунизација и може да се чува во обичен фрижидер.

Покрај тоа, нагласи тој, вакцината има висок ефект против тешки форми на болеста ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот