Курц со јасна поддршка за Меркел и изградбата на „Северен тек 2″

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц/Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска изјави дека ја поддржува изградбата на гасоводот „Северен тек 2″, бидејќи тоа е во интерес на многу земји од ЕУ.

Курц за германскиот весник „Велт ам Зонтаџ” изјави дека „Северен тек 2″, што ќе испорачува гас од Русија, по дното на Балтичко Море, до Германија, сепак, е европски проект.

„Не е во право секој оној кој мисли дека новиот гасовод е само во интерес на Русија”, нагласи австрискиот канцелар, додавајќи дека Германија и Австрија, како и другите европски земји, исто така, ќе имаат корист од овој проект.

Курц смета дека гасоводот не треба да биде поврзан со прашањето за можни санкции против Русија поради притворањето на опозицискиот лидер Алексеј Навални.

Тој јасно ја поддржа позицијата на германската канцеларка Ангела Меркел.

„Јас го поддржувам фактот дека германската Влада не се откажува од „Северен тек 2″, подвлече Курц, оценувајќи дека ЕУ мора да се внимава да не ги ослабне своите позиции дејствувајќи против „Северен тек 2″.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот