Курц: Решението за буџетот на ЕУ е на дофат на рака, доколку има подготвеност за тоа

Себастијан Курц стана татко/ Фото: EPA-EFE/MICHAEL GRUBER

Австрискиот канцелар Себастијан Курц оцени дека решението за новиот буџет на Европската унија е „на дофат на рака”, доколку има подготвеност за тоа.

– Ако има желба, можно е да се постигне договор во секое време, истакна тој во своето обраќање пред Комитетот за прашања на ЕУ во австрискиот Парламент.

Тој исто така рече дека има поголема потреба од дискусија за фондот за обнова предложен од Европската комисија.

Состанокот на Комитетот на ЕУ се одржа утрово по повод вонредниот самит на ЕУ закажан за следната недела во Брисел.

На првиот „физички” состанок од почетокот на кризата со коронавирусот, лидерите на ЕУ ќе разговараат за планот за обнова.

Европската комисија сака зголемен буџет, како и земање пари од пазарот на капитал за фондот за реконструкција кој би бил „тежок” 750 милијарди евра.

Курц оцени дека претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, ќе предложи „малку редимензиониран” буџет на ЕУ.

– Обемот ќе биде помал и тоа е позитивно за земјите нето-уплатници како Австрија. Драго ми е што има придвижување во таа насока, рече тој.

Курц додаде дека сè уште постои голема разлика во однос на Фондот за обнова, односно во која форма ќе се обезбеди помошта.

Тој рече дека земјите од јужна Европа не сакаат речиси никакви критериуми за добивање пари, но Австрија, како и три други земји, бараат критериуми како што се заштитата на климата, подготвеност за реформи и владеење на правото.

Курц смета дека не е целисходно да се даваат пари за да се пополни буџет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот