Курц проба да ја оправда својата изјава: Сите што ме познаваат, знаат колку сум приврзан за Западен Балкан

Себастијан Курц/ Фото EPA-EFE/FLORIAN WIESER

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц реагираше на критиките на негова сметка заради изјавите дека луѓето што се враќаа од одмор летоска го внесоа коронавирусот во Австрија и порача дека сите кои го познаваат знаат колку е врзан за Западен Балкан.

Курц, во изјава за весниците од австриската покраина Форарлберг, ја отфрли изјавата на неговиот коалиционен партер, лидерот на Зелените и вицеканцелар, Вернер Коглер, дека бил недоволно внимателен во пренесување на ограничувањата за влез во земјата за време на божиќните празници.

Тврдењата дека тој има нешто против Балканот, според неговите зборови се апсурдни. Курц потсети дека за време на неговиот мандат како шеф на австриската дипломатија се бореше за пристапување на државите од Западен Балкан.

– Покрај тоа, Западниот Балкан е регионот кој најчесто го посетував. Имам многу пријатели со потекло од тој регион и имам пријателски односи со тамошните шефови на влади, објасни Курц.

Меѓутоа, како што додал, исто како што бил случајот минатата зима во Ишгл, така и за време на летото се видело дека третина од заразата била поврзана со повратниците од одмор, а повеќето се вратиле од Западен Балкан и Хрватска.

Извор: Србијаданас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот