Курц пресече: Втор „локдаун“ во Австрија од вторник

epa08379992 People enjoy a sunny spring day during the ongoing pandemic of the COVID-19 disease caused by the SARS-CoV-2 coronavirus, at the Stadtpark (City Park) in Vienna, Austria, 23 April 2020. EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Австриската Влада вечерва одлучи да спроведе „заклучување” по вторпат оваа година, поради драматичната епидемиолошка состојба, од вторник, 3 ноември, со полициски час од 20 до 6 часот наутро.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц на прес-конференција рече дека во последните 48 часа, владата разговарала со социјалните партнери, претседателот, претседателите на покраините и парламентарните партии за мерките потребни за да се спречи преоптоварување на одделите за интензивна нега.

Курц рече дека Европа се соочува со масивен втор бран на пандемијата, поради што многу европски земји веќе спроведуваат „локдаун”.

Ученици со заштитни маски во Виена, Австрија/ Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

И во Австрија, додаде тој, има постојан експоненцијален раст на новозаболени лица, кој експлодираше минатата недела.

– Австрија дефинитивно го има најдобриот здравствен систем во светот, но има и ограничени капацитети. Честопати слушам овие денови дека многу луѓе велат дека оние кои се заразуваат со коронавирус немаат или имаат само благи симптоми. Тоа е точно, но еден процент од граѓаните имаат тежок развој на болеста со потреба од интензивна нега. Ако не постапиме сега, тогаш нашите капацитети за интензивна нега ќе бидат преоптоварени, како и во другите земји, што значи не само одложување на планираните операции, туку и факт дека нема да имаме доволно кревети за лекување, дека лекарите ќе  мора да одлучуваат дали ќе примат ковид пациент или жртва на несреќа или друг пациент на интензивна нега. Ние нема да го дозволиме тоа, рече тој.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц/Фото: ЕПА

Курц најави дека второто „заклучување” на Австрија ќе се спроведе од вторник до крајот на ноември, што значи дека нема да може да се одржуваат настани, како што се културни, спортски или забавни, хотелите нема да можат да работат, освен за деловни патници, со исклучок за достава.

– Со цел да ги ублажиме економските последици, усвоивме и економски пакет, кој предвидува да компензираме 80 проценти од прометот од истиот период минатата година, со обврска овие компании да не смеат да ги отпуштаат своите вработени, рече Курц, потенцирајќи дека таа мерка е посебно потребна во секторите гастрономија, култура и сектор за забава.

Покрај тоа, договорено е продолжување на работата со скратено работно време, како и барање за работа од дома каде што е можно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот