Курц: Ова е турски напад врз ЕУ и врз Грција

Себастијан Курц / Фото: EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Европската унија ќе се соочи со огромен бран мигранти доколку дозволи влез на било кој од 13.000 луѓе кои сега се наоѓаат на турско-грчката граница, предупреди австрискиот канцелар Себастијан Курц.

– Ако сега подлегнеме на турскиот притисок, доколку претседателот Ердоган излезе како победник кој одлучува дали десетици илјади луѓе ќе влезат во Европската унија, тогаш стотици илјади ќе ги следат, рече Курц на прес-конференција во Виена.

– Ова е турски напад врз ЕУ и врз Грција, рече Курц коментирајќи ја одлуката на турскиот претседател да им дозволи на мигрантите да заминат кон ЕУ, спротивно на договорот меѓу Брисел и Анкара.

Според австрискиот канцелар, „голем број пристигнувања ќе предизвикаат крај на европската безгранична Шенген зона и слободното движење на луѓе во Европа ќе стане историја”.

Австриската Влада претходно одржа работна седница посветена на ситуацијата со сириските бегалци долж границите меѓу Грција и Турција, јави ДПА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот