Курц оптимист: Со милион дози на „Спутник V“, можеме побрзо да се вратиме во нормала

Себастијан Курц
Себастијан Курц / Фото: EPA-EFE/YVES HERMAN / POOL

Австрија во борбата против коронавирусот е се поблиску до склучување договор за набавка на руската вакцина „Спутник V“. На тоа укажува и денешната објава на австрискиот канцелар Себастијан Курц на социјалните мрежи.

– Со милион дози на „Спутник V“ би можеле побрзо да се вратиме во нормала, напиша Курц на својот фејсбук-профил.

Иако Европската агенција за лекови (ЕМА) сè уште нема дадено одобрување за руската вакцина, Австрија очевидно одлучила да започне билатерална набавка. Во Виена вчера е потврдено дека се размислува за набавка на еден милион вакцини „Спутник V“, а првите пратки би можеле да пристигнат следниот месец.

Курц претходно порача дека е единствено важно во оваа борба вакцината да биде ефикасна и безбедна, а не каде е произведена.

Тој за денеска најави средба со рускиот амбасадор во Австрија, Дмитриј Љубински.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот