Курц: Нема слобода на патувања додека не се открие вакцина

Себастијан Курц стана татко/ Фото: EPA-EFE/MICHAEL GRUBER

Австрискиот канцелар Себастија Курц изјави денеска дека оваа година треба да се избегне одмор, за да не се дозволи вирусот повторно да се увезе во земјата од странство, нагласувајќи дека слободата на патувања ќе биде поинаква и ќе зависи од тоа дали во одредена држава постои опасност од Ковид-19.

– Ќе имаме поинаква слобода на патувања, која многу ќе зависи од ситуацијата во некои земји, нагласи Курц.

Со цел во Австрија да се спречи втор бран на инфекцијата, кој би можел да биде поопасен од актуелниот, Курц истакна дека „се додека нема вакцина, точни брзи тестови или соодветни лекови, оваа болест ќе не следи сите нас, па затоа дотогаш нема да има неограничена слобода на патувањата на кои што сме навикнале”.

– Ќе има земји каде вирусот веќе нема да биде проблем и земји каде што е присутна опасноста. Ќе зависи од ситуацијата во одделни држави. Долгорочно останува целта да се укинат внатрешните граници во Европа, но во ниту еден случај пребрзо, потенцира австрискиот канцелар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот