КУРЦ НЕМА ДА БИДЕ ПРАТЕНИК: Кога ќе ја предаде канцелариската фотелја, ќе започне кампања

Фото: ЕПА

Лидерот на Народната партија на Австрија, Себастијан Курц, чија Влада вчера се распадна, нема да го преземе местото на шеф на пратеничкиот клуб на партијата, ниту пак ќе биде пратеник.

Од неговиот кабинет е соопштено дека шеф на пратеничкиот клуб и понатаму ќе остане Аугуст Верингер, кој досега одлично си ја вршел работата и во кој Курц има многу доверба.

Курц, како што е соопштено, сега најпрво ќе преземе процес на примопредавање на власта на новата преодна влада, а потоа ќе започне кампања за да ја обезбеди поддршката од граѓаните.

Курц во наредниот период во целост ќе и се посвети на предизборната кампања за предвремените избори кои ќе бидат одржани во септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот